Дома Фудбал Срамен потег на Молина: Родри тргна да слави, тој го удри без потреба – му порачаа да не се враќа во Шпанија! (Видео)

Срамен потег на Молина: Родри тргна да слави, тој го удри без потреба – му порачаа да не се враќа во Шпанија! (Видео)

Покрај победата на Шпанија во вчерашното финале по продолженија тема во денеска во медиумите е и однесувањето на аргентинските фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На стадионот „Метлајф“, Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија, освојувајќи ја титулата светски шампион за втор пат во својата историја. Меѓутоа, триумфалната прослава на „црвената фурија“ за кратко беше нарушена од тензии меѓу фудбалерите на двата тима.

Според извештаите на шпанскиот весник „AS“, инцидентот започнал кога аргентинскиот репрезентативец Молина бурно реагирал кон Родри, кој брзаше да ја прослави победата со своите соиграчи. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека Молина намерно го удира Родри.

Молина игра за Атлетико Мадрид, па неговиот чин предизвика особено силни реакции во Шпанија. Еден од коментарите кој стана вирален е следниот:

„Каква грда постапка. Родри трча да го слави освојувањето на светската титула, а тој го удира директно во лицето. Овој човек не треба никогаш повеќе да стапне во Шпанија и се надевам дека Атлетико Мадрид ќе му порача да не се враќа.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина беше дочекана по враќањето од Светското првенство,…