Дома Фудбал Миа Калифа во живо го гледаше финалето и заработи над пола милион евра!

Миа Калифа во живо го гледаше финалето и заработи над пола милион евра!

Миа Калифа, некогаш позната ѕвезда од индустријата за возрасни, ја изненади публиката на социјалните мрежи откако откри дека вложила милион долари на победата на Шпанија пред финалниот натпревар. Бидејќи коефициентот за победа на екипата под водството на Луис де ла Фуенте изнесуваше 1,65, на крајот од средбата таа заработи дури 1,65 милиони долари или профит од 650.000 долари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанија ја обезбеди победата благодарение на голот на Феран Торес во продолженијата, откако неговата селекција доминираше во текот на речиси целиот натпревар против Аргентина.

Иако Аргентинците, предводени од Лионел Меси, успеаја да дојдат до финалето, во решавачкиот натпревар не беа сериозна закана. Во текот на 120 минути игра немаа ниту еден удар во рамките на голот, додека шпанската одбрана уште еднаш покажа зошто беше една од најцврстите на турнирот.

Голема заслуга за што Аргентина остана во игра имаше голманот Емилиано Мартинез, кој направи дури 11 одбрани и во неколку наврати ја спаси својата репрезентација од потежок пораз. Сепак, ниту тој не можеше да го спречи голот на Торес во завршницата на продолженијата, со што Шпанија дојде до својата втора титула светски шампион, прва по долги 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина беше дочекана по враќањето од Светското првенство,…