
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, емотивно ја прекина прес-конференцијата откако неговиот тим беше поразен во финалето на Светското првенство. Тој изјави дека наскоро ќе разговара за својата иднина и најави дека ќе се состане со претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Клаудио Тапиа. Скалони истакна дека притисокот за повторување на досегашните успеси би можел да биде претежок предизвик.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кога во 2018 година ја презеде репрезентацијата, Скалони беше спорно решение. Со времето, тој ѝ донесе стабилност и успеси на Аргентина. Под негово водство, Аргентина го прекина 28-годишното чекање за голем трофеј, освојувајќи ја Копа Америка во 2021. Потоа воспостави систем кој максимално го искористи талентот на Лионел Меси, што ја доведе репрезентацијата до титулата светски првак во 2022, по пауза од 36 години.
Тоа продолжи и во 2024 година, кога Аргентина во Соединетите Американски Држави го освои уште еднаш трофејот на Копа Америка, а вчера ја водеше екипата и во финалето на Светското првенство.
“Ова е прекрасно место. Ова е место од соништата”, изјави Скалони во неделата за своето време како селектор на репрезентацијата. “Ниту јас, ниту моите соработници можевме да замислиме дека ќе ги освоиме сите тие трофеи.”
Сепак, тој нагласи дека повторувањето на таквите резултати и справувањето со очекувањата на јавноста може да биде предизвик кој е тешко да се надмине во новиот циклус на Светското првенство.
“За понатамошен успех, потребно е многу вложување. Тешко е да се реплицира сето ова”, изјави видно трогнат, на работ на солзи. “Се обидувавме да дадеме сè од себе до последната минута на финалето. Мислам дека е праведно сега да земам време и добро да размислам за сè.”
Неколку моменти подоцна, Скалони рече дека му е тешко на душата, се извини на новинарите и ја напушти конференцијата во солзи. На излегување, аргентинските медиумски претставници го испратѝја со силен аплауз.
Following their World Cup final defeat to Spain, Argentina manager Lionel Scaloni walked out of his post-match press conference after becoming too emotional to carry on. pic.twitter.com/c7NQjN2MG8
— BBC Sport (@BBCSport) July 20, 2026