Дома Фудбал Олисе го урна рекордот на Пеле стар 56 години

Олисе го урна рекордот на Пеле стар 56 години

Репрезентативецот на Франција, Мајкл Олисе, постави нов светски рекорд за бројот на асистенции на едно Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олисе со вкупно седум асистенции го надмина учинокот на легендарниот Бразилец Пеле, кој имаше шест.

Во далечната 1970 година во Мексико, Пеле го постави рекордот, што до ден-денес никој не го соборил, со шест асистенции.

Овој историски момент се случи во натпреварот за трето место, кога Олисе двапати успешно го упати Килијан Мбапе, што му беше доволно да се издвои на врвот на вечната листа.

Младиот играч од средниот ред сега се наоѓа на високо место и во целокупниот поредок на најдобрите асистенти во историјата на Светските првенства. Со моментните седум асистенции, тој заостанува само пет чекори зад рекордерот Лионел Меси.

Имајќи предвид дека на следното Светско првенство во 2030 година, Олисе ќе има само 28 години, фудбалските аналитичари предвидуваат дека би можел да го загрози и апсолутниот рекорд на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ја носи најважната одлука: Ќе биде тежок избор, Аргентина е на нозе

Според изјавите на ESPN Аргентина, луѓе блиски до капитенот на Аргентина признале дека про…