Дома Фудбал Де ла Фуенте: Чувар за Меси? Ни даде четири гола за 22 минути

Де ла Фуенте: Чувар за Меси? Ни даде четири гола за 22 минути

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте се потсети на натпреварот кој се одигра пред 22 години кога го имаше за противник Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де ла Фуенте и Меси во недела повторно ќе бидат еден против друг во најголемиот натпревар од сите натпревари и најголем за секој тренер и играч – во финалето на Светското првенство.

А пред две децении актуелниот селектор на „фуријата” го водеше јуниорскиот тим на Севиља против Барселона. Тогаш Меси беше на другата страна и тактиката на тренерот на Андалузијците беше следната – да се стави човек на Аргентинецот. Како заврши натпреварот? Меси даде четири гола.

Де ла Фуенте се потсети на тој натпревар и го понуди како пример одговарајќи на прашањето на новинарите каква тактика ќе примени овој пат против Меси и дали ќе назначи еден играч кој постојано ќе го следи.

„Беше 2004 година, мојот играч имаше задача да го следи Меси цело време, но доби жолт картон. Морав да го заменам и да ја променам стратегијата. Меси потоа ни даде четири гола за 22 минути”, се потсети Де ла Фуенте на тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио предизвика хаос во Франција со изјавите по поразот од Англија

Франција синоќа беше поразена во натпреварот за трето место на Светското првенство од Англ…