
Селекторот на Аргентина Лионел Скалони не можеше да каже дали ова Светско првенство е последно во кариерата на Лионел Меси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентина и Шпанија ќе играат во недела во 21.00 часот во Њујорк на финалето на СП, а неизбежна тема беше и Лионел Меси, кој можеби на 39 години ќе го игра последното Светско првенство во својата кариера.
„Не знам дали ова е неговото последно Светско првенство. Треба да го прашате него. Никогаш не престанува да нè изненадува”, рече Скалони.
На крајот емотивно зборуваше за капитенот на Аргентина и генерацијата која во последните години донесе големи успеси на националниот тим.
„Меси е чиста историја, легенда на светскиот фудбал. Горд сум што имам можност да работам со него. Да се стигне до финале на Светско првенство на 39 години е неверојатен успех. Оваа генерација ни донесе незаборавни години. Независно од исходот на финалето, она што го направија ќе остане засекогаш запишано во историјата. Засекогаш сме им благодарни”, заклучи Скалони.