Дома Фудбал Скалони пред финалето: Шпанија ме загрижува во секој аспект

Скалони пред финалето: Шпанија ме загрижува во секој аспект

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони изјави пред финалето на СП против Шпанија дека максимално го почитува противникот и дека неговиот стручен штаб веќе со месеци го анализира играта на „црвената фурија“.

На прес-конференцијата пред големото финале, Скалони нагласи дека кај Шпанија го загрижува практично сè, но со доза хумор се обиде да ја намали тензијата.

Натпреварот за титулата светски шампион се игра во недела од 21:00 часот во Њујорк.

„Шпанија ме загрижува во секој аспект. Ќе се обидеме автобусот да не излезе од хотелот”, се пошегува селекторот на Аргентина, а потоа сериозно додаде дека се работи за една од најдобрите репрезентации во светот.

Скалони откри дека неговиот тим уште од декември се подготвувал за можен дуел со Шпанија.

„Ја анализиравме Шпанија како можен противник уште од декември. Не повеќе од било која друга репрезентација, но ги проучивме сите можни сценарија. Знаеме како играат. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил и да ги нападнеме во сегментите каде можат да имаат проблеми”, рече аргентинскиот стручњак.

Според него, Аргентина и Шпанија имаат сличен стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мудрик официјално потпиша, а сите зборуваат за клаузулата!

Тотенхем потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест…