
Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Урош Плавшиќ, беше уапсен во петокот по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради неверојатниот и скандалозен инцидент кој го предизвика во кругот на Воено-медицинска академија (ВМА).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според првите информации од истрагата, поранешниот центар на црвено-белите, во доцните часови меѓу 16 и 17 јули, пристигнал на комплексот на ВМА, каде потоа од нејасни причини ја прескокнал високата заштитна ограда и продолжил кон зградата.
Вистинска драма следувала кога Плавшиќ стигнал до официјалната пријавница. Таму, со сосема неразумно однесување, физички нападнал едно од воените лица кое во тој момент ја вршело редовната задача како припадник на обезбедувањето на објектот.
Иако нападот бил ненадеен и одзади, и тоа од страна на професионален спортист висок над 210 сантиметри, нападнатото лице од обезбедувањето го задржало неверојатниот разум. По жестока размена на удари, војникот успеал да го совлада и неутрализира кошаркарот, а веднаш потоа ја алармирал воената полиција.
Патролата на воената полиција експресно пристигнала на местото на настанот, му ставила лисици на Плавшиќ, а потоа по почетното приведување го предала на цивилната патрола на Министерството за внатрешни работи..
Нападнатото лице од обезбедувањето на ВМА излегло од оваа брутална пресметка со полесни телесни повреди, а дежурните лекари веднаш по инцидентот му констатирале модринки и повреди на областа на главата и рацете.