
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги брани своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на СП.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот изјави дека не жали за промените што ги направи и дека презема целосна одговорност.
На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стратег призна дека неговиот тим станал премногу пасивен при крајот, но нагласи дека верува во исправноста на своите одлуки.
“Ако некој е виновен, јас сум. Јас сум селекторот и преземам целосна одговорност. Не жалам за моите одлуки, ги донесов базирајќи се на искуство, инстинкт и желба тимот да победи. За жал, резултатот не беше онаков каков што посакувавме,” рече Тухел.
Англија водеше со 1:0 до 85-та минута, но Аргентина предводена од Меси успеа да го сврти резултатот и да се пласира во финале.
Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да игра со пет играчи во одбраната е донесена со цел да ги спречи нападите на Аргентина.
“Аргентина по нашиот гол играше со висока динамика. Не успевавме да ги запреме нивните играчи кои влегуваа во шеснаесетникот. Затоа преминавме на формација со пет играчи во одбраната, за да ги затвориме крилата. Но, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на игра,” објасни селекторот.
Тој се осврна и на критиките зошто капитенот Хари Кејн играше многу позади во завршницата на натпреварот.
“Кога се браниш во длабока формација, тоа е нормално. Не бевме доволно активни, но тоа не беше одлука што се однесуваше само на Кејн,” рече Тухел.
Селекторот на Англија смета дека исцрпувачките натпревари против Мексико и Норвешка влијаеле на физичката способност на неговиот тим.
“Иако не сакаме тоа да звучи како изговор, натпреварот против Мексико на голема надморска височина, каде долго игравме со играч помалку, како и дуелот со Норвешка на голема жештина, оставија свои последици. Играчите дадоа апсолутно се на секој натпревар,” истакна Тухел.
Говарајќи за болниот пораз, германскиот стручњак не ги сокри своите емоции.
“Овој пораз најмногу не боли нас. Тој е рана што ќе ја носиме. Но, ќе го надминеме и ќе го искористиме како мотив. Ако ја победиме Франција, ќе го постигнеме најдобриот резултат на Англија на Светското првенство во последниве 60 години,” рече Тухел.
Англија во натпреварот за третото место ќе се сретне со Франција вечерва во 23:00 часот.