Дома Фудбал Драматични настани во Истанбул: Киднапирање на фудбалер да се избегне трансфер?

Драматични настани во Истанбул: Киднапирање на фудбалер да се избегне трансфер?

Неверојатен настан ни доаѓа од Турција, каде трансферот на Кристо Инае Улаи од Трабзонспор во Фиорентина се претвори во вистинска драма, настан за кој дури и раководството на турскиот клуб смета дека е саботажа на склучениот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот од Слоновата Коска тврди дека бил буквално киднапиран на истанбулскиот аеродром од лица кои се претставиле како претставници на Трабзон.

Без преседан е оваа приказна која прв ја објави добро информираниот турски новинар Јагиз Сабунчуголу, потоа следуваа деталите за обидот за саботажа на овој милионски договор.

Киднапирање пред очите на клубот

Улаи, еден од потенцијалните трансфери за италијанската Фиорентина стигна во Истанбул со лет од Абиджан. На аеродромот требаше да се состане со официјалната делегација на Трабзонспор за да ги утврдат последните детали за неговото заминување во Италија.

Сепак, пред да пристигне вистинската делегација, до него пристапила група непознати лица претставувајќи се како делегација на Трабзонспор.

Верувајќи дека станува збор за возачи и менаџери на клубот, фудбалерот влегол во нивното возило, по што, според неговите зборови, бил изложен на притисок. За време на возењето низ Истанбул, лажните претставници му откриле дека: “Има и други тимови заинтересирани за тебе, преиспитај го договорот со Фиорентина“.

Во меѓувреме, на аеродромот започнала паника. По истекот на договореното време за средба, а без одговор на телефонските повици, управата на Трабзонспор подигнала узбуна. Потрагата по него траела неколку часа, по што фудбалерот бил лоциран и вратен под заштита на клубот.

Но, наместо утеха, Улаја го дочекала нова драма. Кога ја ислушала неговата верзија на настаните, управата на Трабзонспор реагирала бурно, сомневајќи дека фудбалерот всушност ја лажирал целата драма затоа што во последен момент го променил мислењето за трансферот во Италија.

Ако пробаш повторно да направиш вакви работи, ќе покренеме правен процес против тебе – рекле челниците на турскиот клуб на играчот.

Италијанските медиуми со големо внимание ја следат разврската на оваа ситуација. Останува прашањето дали оваа бизарна епизода целосно ќе го дестабилизира и стопира трансферот или, напротив, ќе ги натера и Трабзонспор и Фиорентина да забрзаат со документацијата за играчот што побрзо да биде отстранет од жешката турска почва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонец во Бугарија даде гол од половина терен (Видео)

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски имаше одличен почеток на новата сезона во бугарскат…