Џани Инфантино доби официјална поддршка од повеќе од 200 национални сојузи за нов претседателски мандат во ФИФА. Неговата позиција останува силна и покрај критиките кои следеа по контроверзното помилување на Фоларин Балогун, пишува Гардијан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на Гардијан, уште само неколку од 211 членки на ФИФА треба да ги испратат своите писма за поддршка. Сè укажува на тоа дека Инфантино во март ќе обезбеди четврт мандат со голема поддршка на конгресот. Меѓу ретките сојузи кои сè уште официјално не дале поддршка на Инфантино е најистакнат германскиот.
Рокот за поднесување на кандидатури истекува на 18 ноември, а до тогаш сојузите можат да ги повлечат своите писма за поддршка или да ги насочат кон друг кандидат. Сепак, Инфантино засега е единствениот кандидат во трката. Некои национални сојузи тврдат дека се под постојан притисок од ФИФА да ја потврдат својата лојалност, што етичкиот кодекс на ФИФА го забранува.
Во овој момент, Инфантино би било исклучително тешко да се отстрани од должност. Иако признанието на Доналд Трамп дека лобирал кај ФИФА за повторно разгледување на црвениот картон на американскиот напаѓач Балогун против Босна и Херцеговина предизвика незадоволство, отпорот главно е ограничен на европските сојузи.