Дома Фудбал Од приведување со старлета до финале на СП: Неверојатна приказна на Славко Винчиќ

Од приведување со старлета до финале на СП: Неверојатна приказна на Славко Винчиќ

Словенечкиот арбитар Славко Винчиќ доби најголемо признание во досегашната судиска кариера, откако ФИФА го одреди за главен судија на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кога дозна дека ќе суди на најважниот натпревар во светскиот фудбал, 46-годишниот Словенец не можеше да ги скрие своите емоции.

На видеото што го објави ФИФА, се гледа како ја спушта главата, ги покрива лицето со рацете и плаче, додека колегите го поздравуваат со аплауз.

На Винчиќ во финалето ќе му помогнат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четвртиот судија ќе биде Јорданецот Адхам Махадмех.

Финалето помеѓу Аргентина и Шпанија ќе се одигра во недела (21 ч.) на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси.

Зад Винчиќ стои богата меѓународна кариера. Суди на финалето на Лига Европа во 2022 година помеѓу Ајнтрахт и Ренџерс, како и на финалето на Лига на шампиони во 2024 година помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

Сепак, неговото име многумина го паметат по полициската акција „Кристал“, спроведена во мај 2020 година во Бијељина.

За време на големата акција насочена кон разбивање на мрежа на организирана проституција, трговија со наркотички супстанции и нелегално поседување оружје, беа приведени повеќе десетици лица.

Полицијата тогаш заплени кокаин, огнени оружја, панцири и повеќе од 10.000 евра во готовина.

Меѓу приведените беше и Винчиќ, како и српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон.

Според тогашните информации од истрагата, словенечкиот судија не беше осомничен, туку беше сослушан во својство на сведок.

По давањето изјава, беше пуштен на слобода, и против него никогаш не беше подигнато обвинение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…