
Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови кои ја освоиле титулата шампион на Португалија, е на работ од згаснување. Судот издаде налог според кој клубот до 31 јули мора да ги прекине сите деловни активности и да ги испразни просториите што ги користи. Оваа одлука практично означува крај за клубот по 123 години постоење.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Боависта е основана на 1 август 1903 година и е еден од најстарите португалски клубови. Најуспешниот период на клубот беше на почетокот на 21 век, кога во 2001 година ја освои својата единствена титула на национален шампион. Две години подоцна стигна до полуфиналето на Купот на УЕФА, додека во 1999 и 2002 година беше вицешампион.
Боависта со таа титула накратко ја прекина доминацијата на таканаречената “голема тројка” – Бенфика, Спортинг и Порто. Споменативе три клуба освоија 90 од вкупно 92 шампионски титули во Португалија. Единствениот друг клуб кој успеал во тоа беше Белененсес, уште во 1946 година.
Од 2021 година сопственик на клубот е шпанско-луксембуршкиот бизнисмен Жерард Лопез. Под негово водство, на Боависта поради финансиски неправилности ѝ беше забрането да доведува нови играчи за време на пет последователни трансфер периоди. Тоа на крајот доведе до испаѓање на клубот во четвртата лига.