
Сите структури на клубот максимално се ангажираа за да го задржат Хулијан Алварез во Мадрид. Во текот на ноќта се огласи претседателот, а утрово и генералниот директор на Атлетико, и двајцата имаат идентична, кристално јасна порака до Барселона – врвниот напаѓач на Аргентина не оди никаде. Барем не ова лето!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако поранешниот член на Ривер Плејт и Манчестер Сити за време на Мундијалот испрати суптилна порака дека е заинтересиран за промена на средината, по што започнаа препознатливите медиумски бомбардировки во режија на Жоан Лапорта, во Мадрид останаа потполно мирни. Дури и покрај тоа што раководителите на „Јорганџиите“ не беа задоволни кога популарниот Алварез јавно посака да замине.
Најпрво во четврток навечер претседателот Енрике Сересо потврди дека Алварес останува на стадионот „Метрополитано“, а неговите зборови веќе наредното утро дополнително ги потврди и генералниот директор Мигел Анхел Хил Марин. И тоа во официјална видео порака, во форма на клупски спот со времетраење од само 40 секунди, објавен на социјалните мрежи.
„Моето мислење е јасно, волјата на клубот е јасна, а тоа кристално јасно му го ставивме до знаење и на играчот, неговиот агент, па и на претседателот на Барса… Воопшто не се сомневам дека Атлетико е најдоброто место на светот за Хулијан и дека Хулијан е совршен напаѓач за Атлетико Мадрид. Сакаме и ќе продолжиме да сметаме на него“, прецизира Хил Марин, инаку син на некогашниот контроверзен претседател на црвено-белите, Хесус Хил.