Дома Фудбал „Земјотрес“ го тресе фудбалскиот свет: Салах е подготвен да ја намали платата само за да потпише за еден тим

„Земјотрес“ го тресе фудбалскиот свет: Салах е подготвен да ја намали платата само за да потпише за еден тим

Според медиумските информации, голем клуб направи прв конкретен чекор во обидот да го донесе египетската ѕвезда, кој наводно ги намалил финансиските барања.

Според турските медиуми, Бешикташ започна преговори за еден од најголемите трансфери во својата историја.

Како што вели новинарот Јагиз Сабунчооглу, истанбулскиот гигант ја испрати првата официјална понуда за египетскиот репрезентативец Мохамед Салах.

Станува збор за трансфер кој би можел целосно да го промени балансот на силите во турскиот фудбал, особено по големите вложувања на најголемите ривали во претходните трансфер периоди.

Според истиот извор, Салах на почетокот барал годишна плата од 15 милиони евра.

Меѓутоа, наводно се согласил да ги намали своите финансиски барања за да ги зголеми шансите за остварување на трансферот во Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ја шокираше фудбалската јавност и ја заврши кариерата

Лионел Меси одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да го носи дресот …