Дома Фудбал Aргентинскиот претседател поради необична причина нема да го гледа во живо финалето на Мундијалот

Aргентинскиот претседател поради необична причина нема да го гледа во живо финалето на Мундијалот

Престојното финале на Светското првенство во Њујорк, каде што ќе се соочат Аргентина и Шпанија, ќе привлече многу светски лидери и познати личности во свечените ложи на стадионот МетЛајф. Сепак, меѓу нив нема да биде претседателот на Аргентина.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј официјално потврди дека нема да го следи натпреварот во живо на стадионот, а причината која ја наведе е прилично необична за еден државник – станува збор за обично суеверие.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познат по својот темперамент и неконвенционални ставови, Милеј јасно рече дека не сака да ги менува победничките ритуали кои ги донесоа Аргентинците до финалето на турнирот.

“Дали ќе одам на натпреварот? Апсолутно не! Ќе го гледам натпреварот во мојата резиденција Оливос со сестра ми, баш како што правам од првиот ден. Тоа е чисто суеверие”, изјави Милеј, пренесува аргентинскиот весник Ел Обсервадор.

Во Аргентина, земја каде што фудбалот е практично религија, суеверијата и ритуалите за време на натпревари се земаат премногу сериозно. Се верува дека победничката формула и местото од каде што се гледаат натпреварите не треба да се менуваат за да не се привлече несреќа.

Така, додека целиот свет ќе го следи мегаспектаклот во Њујорк, претседателот на Аргентина ќе остане дома со својата сестра, надевајќи се дека неговата верност на традицијата ќе го донесе Лионел Меси и екипата до уште една титула светски шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се засили со напаѓач од кој навивачите нема да бидат воодушевени!

Барселона ова лето можеби ќе го засили нападот, а спортскиот директор Деко добил понуда за…