Дома Останати Ракомет Пелистер ги доби противниците во Европската лига!

Пелистер ги доби противниците во Европската лига!

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ги дозна противниците во групната фаза од Европската лига на ЕХФ за сезоната 2026/27, која започнува за околу два месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Битолскиот клуб на ждрепката беше меѓу носителите благодарение на националниот коефициент, а извлекувањето го смести во групата Г. „Зелените“ ќе се соочат со германскиот Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полскиот Гдањск, во конкуренција која носи дуели со претставници на едни од најсилните европски ракометни првенства.

Групната фаза почнува на 29 септември и ќе се игра до 2 декември.

Комплетниот состав на групите во Европската лига на ЕХФ е следниот:

Група А: Нексе (Хрватска), Елверум (Норвешка), Сен Рафаел (Франција), Хамарби (Шведска)

Група Б: Бидасоа Ирун (Шпанија), Лимож (Франција), Хафнафјердур (Исланд), Маритимо (Португалија)

Група Ц: Извиѓач (БиХ), Шафхаузен (Швајцарија), Шамбери (Франција), ЦСМ Букурешт (Романија)

Група Д: Савехоф (Шведска), Татран Прешов (Словачка), Сесвете (Хрватска), Бергишер (Германија)

Група Е: Фленсбург (Германија), Гранољерс (Шпанија), Бузау (Романија), Агуаш Санташ (Португалија)

Група Ф: Бенфика (Португалија), Карвина (Чешка), Тораловега (Шпанија), Холстебро (Данска)

Група Г: Еурофарм Пелистер (Македонија), Гумерсбах (Германија), Ла Риоха (Шпанија), Гдањск (Полска)

Група Х: Татабања (Унгарија), Валур (Исланд), Слован (Словенија), Морс-Ти (Данска).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…