Дома Фудбал ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

ФФМ не ја исполни желбата на Вардар за натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одби барањето на Вардар за одложување на натпреварот од првото коло во новата прволигашка сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвено-црните“ побараа поместување на дуелот со Брегалница поради обврските во европските квалификации, но од ФФМ соопштија дека нема услови за промена на веќе утврдениот натпреварувачки календар.

Од Федерацијата потенцираат дека при изработката на распоредот биле земени предвид настапите на македонските клубови на европската сцена, а потсетија и на минатогодишната пракса.

„И во претходната сезона, поради почитување на принципот на еднаков третман, не беа прифатени барањата за одложување на натпревари од клуб кој настапуваше во натпреварувањата на УЕФА“, наведуваат од ФФМ.

Според официјалниот распоред, Вардар новата сезона ќе ја отвори на 25 јули со домашен натпревар против Брегалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна одлука: Тухел останува селектор на Англија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел има целосна поддршка од Фу…