
Најдолгото Светско првенство во историјата влегува во самиот финиш. Останаа само уште три натпревари, а по полуфиналниот дуел помеѓу Англија и Аргентина во Атланта ќе биде познато кој ќе игра во финалето против Шпанија, а кој ќе се бори со Франција за третото место.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, финалниот натпревар, кој треба да се игра во недела од 21 часот по средноевропско време во Њу Џерси, е под закана за одложување поради можни невремиња.
Финалето ќе започне по локално време во 15 часот, при погодни 28 степени, но метеоролозите најавуваат можност за грмотевична бура.
Според американските безбедносни прописи, ако гром удри на радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине или одложи најмалку 30 минути.