Дома Фудбал Меси: Ова е подарок за народот и за Марадона, а за мене тој е најголем

Меси: Ова е подарок за народот и за Марадона, а за мене тој е најголем

Фудбалската репрезентација на Аргентина успеа да се пласира во финалето на Светското првенство 2026 година, откако вчера во полуфиналето ја победи Англија со резултат 2:1. Во битката за титулата, Аргентинците ќе се соочат со Шпанија. По натпреварот, капитенот Лионел Меси ја посвети победата на аргентинскиот народ кој минува низ тешки времиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Горди сме и среќни што можеме да им донесеме ваква радост на луѓето. Знаеме дека светските првенства се нешто посебно за нас и тогаш забораваме на сите негативности што ни се случуваат. Има луѓе на кои им е тешко, кои немаат работа, не можат да состават крај со крај или постојано се мачат. Тоа е наш живот, тоа отсекогаш ни била судбина”, изјави Меси во микс зоната.

„Да им овозмоѓиме ваква радост, да бидеме повторно во финале на Светско првенство, да влеземе во две финалиња по ред… денес постигнавме нешто величествено. Да бидеме тука до последниот ден, да играме финале, повторно да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации. Во последните четири години бевме најдобри и денес повторно покажавме дека никој ништо не ни подари и дека сè заслуживме на теренот”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси може да направи уште еден подвиг каков што нема никој друг претходно!

Финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија не само што ќе го одреди новиот…