Дома Фудбал ФИФА ќе ги казнува сите што го критикуваа судењето на Светското првенство

ФИФА ќе ги казнува сите што го критикуваа судењето на Светското првенство

Речиси нема селектор или играч кој за време на Светското првенство, кое е во завршна фаза, не се пожали на судењето, но досега, ФИФА никој не казнила за јавните критики упатени до судиите по натпреварите. Клучниот збор е – досега.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повикувајќи се на извори од главната светска фудбалска организација, The Athletic наведува дека ФИФА планира да санкционира сите кои јавно го коментирале судењето по неповолните резултати, без разлика дали станува збор за играчи или селектори.

Иако во Премиер лигата и други елитни европски клупски натпреварувања е обичајна пракса за ваквите изјави да се изрекуваат парични казни или суспензии, The Athletic тврди дека ФИФА засега не реагирала, но дека ќе ја чека завршната фаза на турнирот за да покрене дисциплински постапки против оние кои јавно ги критикувале судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tретпат во низа ист клуб има најмногу финале во финалето на Светското првенство

Атлетико Мадрид немаше успешна претходна сезона во однос на освојување на трофеи, откако б…