
Голманот на фудбалската репрезентација на Аргентина Емилијано Мартинез изјави дека неговиот тим има искуство во враќање од резултатски дефицит и дека искористил тоа што Англија се повлече по водењето со голот во полуфиналната утакмица на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Беше лудо. Мислам дека одигравме навистина добро прво полувреме. Доминиравме. Знаеме колку се силни при прекини и колку се физички моќни. Играв во Англија 16 години и многу добро ги познавам. Добро ја движевме топката. Поведоа по еден центаршут, иако во казнетиот простор имаа само еден играч кој успеа да постигне гол”, рече Мартинез по утакмицата за “Би-Би-Си”.
„Сепак, веќе имаме искуство во враќање од резултатски дефицит. Потоа почнаа да се повлекуваат и да се бранат подлабоко, што ни отвори повеќе простор меѓу нивните линии. Клучот за нас беше Лионел Меси да игра по крилото”, додаде голманот на Астон Вила.
Англија поведе со гол кој Ентони Гордон го постигна во 55-тата минута, а израмни Енцо Фернандез во 85-тата минута. Победоносниот гол го постигна Лаутаро Мартинез во втората минута од продолжението.
На прашањето дали аргентинската екипа чувствувала дека нешто се сменило во англискиот тим по голот, Мартинез одговори потврдно.
„Чувствувавме дека се повлекуваат се повеќе наместо да продолжат да напаѓаат. Понекогаш, дури и кога водите, морате да продолжите да напаѓате. Не можете така лесно да го промените планот на игра. Мислам дека го направија тоа и дополнително ја зајакнаа одбраната”, рече тој.