Дома Фудбал Силекс го распродаде стадионот за натпреварот со Динамо Минск!

Силекс го распродаде стадионот за натпреварот со Динамо Минск!

Фудбалерите на Силекс ќе имаат максимална поддршка од трибините на реваншот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, откако клубот потврди дека сите билети за натпреварот се целосно распродадени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа што кратовскиот состав европските натпревари ги игра на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, чиј капацитет е ограничен, интересот за влезници бил огромен и тие експресно завршиле во рацете на навивачите.

Од клубот преку соопштение им се заблагодарија на симпатизерите за големата поддршка и најавија вистинска фудбалска атмосфера на трибините.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени. Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје“, соопштија од Силекс.

Натпреварот е закажан за четврток со почеток во 20 часот. Македонскиот претставник ќе влезе во реваншот со минимална предност од 1:0, стекната на првиот дуел одигран во Стара Загора, и ќе се обиде пред своите навивачи да го завери пласманот во следното квалификациско коло од Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Блиску е ноември: УЕФА подготвува противкандидат на Инфантино!

Сето она што се случуваше пред и за време на овогодинешното Светско првенство во фудбал ја…