Дома Фудбал Цените на билетите за завршница на СП се неверојатни: Едно место чини повеќе од 30.000 долари

Цените на билетите за завршница на СП се неверојатни: Едно место чини повеќе од 30.000 долари

По 100 одиграни натпревари во борбата за титулата останаа уште само четири репрезентации, а до крајот на турнирот остануваат уште четири средби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција и Шпанија ќе се сретнат во вторник во Далас, додека ден подоцна во Атланта полуфиналето ќе го играат Англија и Аргентина. Таквиот расплет отвора можност за реприза на финалето од последните големи репрезентативни натпревари.

Франција и Аргентина се бореа за титулата светски првак во 2022 година, додека Шпанија и Англија играа во финалето на Европското првенство 2024.

Завршницата на турнирот предизвика огромен интерес кај навивачите, но цените на билетите за најважните натпревари достигнаа суми кои за повеќето љубители на фудбалот се сосема недостапни.

Во продажба се пуштени околу 1200 билети од втора категорија, распоредени во различни делови на стадионот, најчесто во повисоките редови на трибините. За еден таков билет потребно е да се издвојат дури 7.380 американски долари. Уште поневеројатни се цените на билетите од прва категорија. За места во секторите поблиску до теренот се бараат повеќе од 30.000 долари по билет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед од денеска има нов голман!

Mанчестер Јунајтед од денес има нов чувар на мрежата – тоа е Карл Дарлоу. Како ПАМЕТ…