Дома Фудбал Олисе е голем човек: Знаете ли зошто неговите фотографии од Мундијалот не се професионални?

Олисе е голем човек: Знаете ли зошто неговите фотографии од Мундијалот не се професионални?

Фудбалерот Мајкл Олисе уште еднаш покажа дека лојалноста и благодарноста се за него поважни од маркетингот и јавниот интерес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред околу месец дена, Олисе ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил, што предизвика многу шпекулации. Многумина мислеа дека испраќа сигнал кон Баерн Минхен поради гласините кои го поврзуваа со Реал Мадрид. Но, вистинската причина беше сосема различна.

Имено, Олисе соработува со својата приватна фотографка Флоренс Пернет веќе подолг временски период. Таа го следи на патувања и натпревари и фотографира за неговите објави на социјалните мрежи. Додека повеќето фудбалери користат фотографии од големи агенции, Олисе секогаш сакал да објавува фотографии направени исклучиво од Флоренс.

За време на Светското првенство, Флоренс не доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и поради тоа не можеше да биде покрај него. Наместо да најми друг фотограф или да користи професионални фотографии од натпреварите, Олисе донесе несекојдневна одлука.

Ги избриша старите објави, а оттогаш на Инстаграм објавува само фотографии кои Флоренс ги создава од својот дом – фотографирање на телевизиските преноси од натпреварите. Поради тоа, неговите нови објави се со препознатлив изглед на фотографии снимени од ТВ екран, наместо фотографии со висока резолуција од стадионите.

Со овој гест, Олисе сакаше да покаже дека неговата долгогодишна соработничка, иако физички отсутна од стадионот, продолжува да биде значаен дел од неговото професионално патување.

Овој потег многумина го оценија како пример за верност, благодарност и скромност – квалитети кои ретко се среќаваат во денешниот свет на професионалниот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…