
Двократниот освојувач на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер, со победата во финалето против Зверев ги одбрани поените кои ги освои претходната година на Вимблдон, па сега води на АТП листата со вкупно 13.450 поени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како утеха за поразениот финалист, Германецот Александер Зверев, тој со пласманот во финалето се искачи на второто место на АТП листата со 8.480 поени.
Шпанецот Карлос Алкараз го прескокна и овој турнир поради повреда, со што изгуби 1.300 поени, со оглед на тоа што минатата сезона играше во финалето. Алкараз сега на третото место има 8.160 поени.
Четвртото место го држи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 4.740 поени, а петти е Австралиецот Алекс Де Минор со 4.110 поени. На шестото место е Американецот Бен Шелтон со 3.770 поени, а Новак Ѓоковиќ е на седмата позиција со 3.760 поени.
Во првата десетка се и Данил Медведев со 3.670, деветти е Флавио Коболји со 3.460, а десети е Тејлор Фриц со 3.365 поени.