Дома Фудбал Хаосот продолжува: Дали Норвежаните беа брутално ограбени на Мундијалот? (Видео)

Хаосот продолжува: Дали Норвежаните беа брутално ограбени на Мундијалот? (Видео)

Мундијалот во САД, Мексико и Канада беше обележан со одличен фудбал, но ќе се памети во историјата поради незапаметен судиски фијаско. Главниот виновник? Технологијата што требаше да донесе непогрешливост – чипот во официјалната топка на „Адидас“. Наместо да им помогне на судиите во критичните моменти, овој систем создаде општ хаос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како е можно технологијата толку да потфрли, и тоа двапати – на натпреварите меѓу Португалија и Хрватска, односно Норвешка и Англија? Одговор на ова прашање се обиде да понуди шпанска „Марка“, која детално го анализираше работењето на таканаречената паметна топка и го лоцираше клучниот проблем.

Според напишаното од „Марка“, проблемот лежи во специфичниот механизам за пренесување на податоци. Моделот „Адидас Трионда“ има вграден инерциски сензор за движење (IMU), чија задача е 500 пати во секунда да регистрира промена на насоката, вибрации и удари.

Сензорот работи беспрекорно во првиот чекор – тој непогрешливо „осеќа“ и создава уникатен сигнал за секој контакт, без разлика дали станува збор за удар со нога, глава или допир со некое страно тело. Меѓутоа, „Марка“ предупредува дека во овој процес клучни се два целосно одвоени чекори:

Регистрација на контактот (во самата топка)

Пренос на податоци (од топката до судијата)

Токму тука, во вториот чекор, дојде до технолошки слом.

Иако камерите и очите на навивачите јасно ги забележаа контактите, технологијата остана „нема“. „Марка“ објаснува дека најверојатната причина лежи во таканаречената „слепа точка“ на радио-сигналот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед го договори капитенот на Белгија за 41 милион евра!

Манчестер Јунајтед денеска го заврши договорот за првото големо засилување за летниот тран…