Дома Моторспорт Tрагедија во Брно: Загинаа двајца мотоциклисти

Tрагедија во Брно: Загинаа двајца мотоциклисти

Светот на мотоциклизмот е завиен во тага по новата трагедија. За време на натпреварувањето на Меѓународниот шампионат Алпе Адрија на познатиот автодром во Брно, двајца возачи го загубија својот живот – тоа се Филип Штајнмајер од Австрија и Адриан Рус од Романија.

Фаталниот инцидент се случи по сериозен судир на патеката, во кој и двајцата се здобиле со повреди со трагичен исход.

Австриецот Филип Штајнмајер, кој имаше 33 години, почина на самото место, додека 43-годишниот Адриан Рус беше итно пренесен во болница. Лекарите се обидоа да го спасат, но поради сериозноста на повредите, почина набрзо по пристигнувањето.

По несреќата, организаторите одлучија да го откажат целиот преостанат програм на тркачкиот викенд на стазата во Брно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Незгодата на Ферстапен го „замрзна“ Зандворт: Видете што му се случи на домашниот херој (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија донесе драматични сцени уште во раната етапа на трката, отка…