Дома Фудбал Погледнете како Хааланд му се потсмеа на Руни и го потсети на даденото ветување (Видео)

Погледнете како Хааланд му се потсмеа на Руни и го потсети на даденото ветување (Видео)

Ерликнг Халанд пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија испрати шеговита порака до Вејн Руни, повикувајќи го да го исполни ветувањето кое го даде како стручeн коментатор на BBC. Руни вети дека ќе весла по реката Мерси ако Норвешка успее да го победи Бразил и се пласира меѓу осумте најдобри тимови на светот, што и се случи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По победата на Норвешка против Брегот на Слоновата Коска во осминафиналето, Руни изрази голем сомнеж во шансите на тимот на Хааланд против Бразил. „Ако Норвешка влезе во четвртфиналето, ќе седнам во чамец и ќе веслам по реката Мерси“, изјави тогаш за „Би-Би-Си Спорт“.

На изненадување на многумина, Норвешка славеше против Бразил со резултат 2:1 и закажа вечерна средба со Англија во Мајами.

Пред тој дуел, Хааланд ја искористи можноста да го потсети Руни на ветувањето, реферирајќи кон прославата со веслање која стана заштитен знак на норвешките играчи и навивачи на ова првенство.

„Весело е да го видам Вејн, другарот Вејни. Вејн Руни рече дека ќе весла ако стигнеме до четвртфиналето. Затоа, Вејн Руни, очекувам да почнеш со веслањето,” започна норвешкиот напаѓач.

Your move, Wayne! 😄 pic.twitter.com/5TUzTZn5C7— BBC Спорт (@BBCSport) 11 јули 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…