
Патот до големиот фудбал честопати не е поплочен со луксуз, модерни академии и совршени услови за тренинзи. Некои од најубавите спортски приказни настанале токму таму каде што имало најмалку можности.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Една од нив доаѓа од Бурунди и го носи името Јусуф Ндајишимије. Денес овој фудбалер е член на францускиот прволигаш Ница и игра на големата европска сцена, но неговиот пат до едно од најсилните првенства во светот беше исполнет со многу пречки и моменти кога беше полесно да се откаже отколку да продолжи.
Ндајишимије израсна во Бурунди, земја која со години се соочува со големи економски проблеми, каде многу млади луѓе се обидуваат да најдат излез преку спортот.
Како дете, немаше услови какви што имаат многу негови врсници во поразвиените земји. Додека другите доаѓаа на тренинзи со комплетна опрема, тој често мораше да се снајде за воопшто да може да излезе на теренот.
Немаше доволно пари за сопствени копачки, па за тренинзи честопати ги позајмуваше од пријатели. Имаше моменти кога фудбал играше бос, но ниту ваквите услови не можеа да го оддалечат од неговата најголема животна желба, еден ден да стане професионален фудбалер.
Неговото секојдневие не беше лесно. Растењето во скромни услови значеше борба за основни работи, а имаше периоди кога семејството немаше доволно средства ни за нормален живот, па дури и имаа ситуации кога немаа пари ни за храна.