Дома Фудбал Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1), во татковината се вратил само еден бразилски фудбалер – Данило.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразил повторно беше повторно запрен рано на Светското првенство, по петти пат последователно. .

Делегацијата на репрезентацијата од Јужна Америка брзо ги спакува куферите и тргна на враќање кон дома, но во Рио де Жанеиро со авионот слета само искусниот дефанзивец на Фламенго.

По добиената слобода во неделата вечерта, фудбалерите што играат за европските клубови веднаш ја искористија можноста за одмор и се распрснаа по светските дестинации. Од друга страна, играчите од домашната бразилска лига имаат само седум дена пауза пред повторно да се вратат на клупските обврски.

Дури и Карло Анчелоти не го зазеде своето место во кабината, туку отпатува за Ванкувер на неколку дена одмор. Италијанецот потоа ќе започне со подготовките за следните ангажмани на националниот тим, односно за натпреварите во септемврискиот прозорец на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…