Дома Останати Тенис Познато кога Ѓоковиќ ќе игра против Синер за финале на Вимблдон

Познато кога Ѓоковиќ ќе игра против Синер за финале на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, синоќа на спектакуларен начин се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Србинот во драматичен четвртфинален меч, по повеќе од пет часа немилосрдна борба, со 3:2 во сетови, го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим.

Седумкратниот освојувач на најпрестижниот гран слем во полуфиналето ќе игра против првиот играч на светот Јаник Синер. Нивниот дуел на Централниот терен на Вимблдон е закажан за петок, најверојатно од 14.30 часот по времето во Србија.

Ова ќе биде 12. меѓусебен дуел на 39-годишниот Ѓоковиќ и 15 години помладиот Синер. Во меѓусебниот скор Италијанецот води со 6:5.

Сепак, последниот нивни меч беше во корист на Новак. Тоа беше на познатото полуфинале на Австралијан опен оваа година, кога Србинoт со 3:2 во сетови го пореши, како што изгледаше, „незапирливиот“ Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…