Дома Фудбал Фиго збесна по дебаклот на Португалија: Ја уништи златната генерација!

Фиго збесна по дебаклот на Португалија: Ја уништи златната генерација!

Легендарниот португалски фудбалер Луиш Фиго не штедеше зборови по елиминацијата на Португалија од Светското првенство.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и португалската репрезентација го критикуваше селекторот Роберто Мартинез, сметајќи дека не го искористил огромниот потенцијал што го имаше на располагање.

Португалија го заврши натпреварувањето со пораз од Шпанија, а Фиго смета дека причината за неуспехот не е изненадување.

„Не ме чуди тоа што загубивме од Шпанија затоа што имаме несреќа да имаме просечен тренер кој секогаш има среќа да добие големи работи. Роберто Мартинез е истиот оној тренер кој не можеше ништо да освои со златната генерација на Белгија“, изјави Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите го очекуваа тоа: Компани откри што се случува со Мусиала

По загрижувачките сцени кои во последните денови го обиколија фудбалскиот свет, конечно од…