Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале и го престигна Федерер на вечната листа

Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале и го престигна Федерер на вечната листа

Седумкратниот освојувач го победи 132. играч на планетата со 7:6 (6), 6:3, 3:6, 6:3 после три часа и 25 минути игра.

Го елиминираше играчот кој до оваа рунда стигна преку Рубљов, Ван де Зандшулп, Фонсека, остварувајќи четврта победа во исто толку меѓусебни натпревари.

Не му беше воопшто лесно. Во првиот сет мораше да се врати од 2:5, додека третиот период го загуби.

Новак ќе игра во четвртфиналето со подобриот од дуелот Феликс Оже-Алијасим – Алехандро Давидович Фокина.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша историја на Вимблдон по победата над Роман Сафиулин. Ова беше неговата 106-та победа на терените на Ол Ингланд клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ чека разврска во Шангај: еден меч може многу да му го одреди патот кон Торино

Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе биде 11-ти во трката за Завршниот мастерс, а исходот од фин…