Дома Фудбал Наґелсман поднесе оставка, во спектакуларен пресврт го заменува Клоп?

Наґелсман поднесе оставка, во спектакуларен пресврт го заменува Клоп?

Четири дена по поразот во осминафиналето на Светското првенство од Парагвај, Јулијан Наґелсман ја поднесе својата оставка од позицијата селектор на германската репрезентација, соопштија во петокот утрината бројни германски медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањето на дневниот весник Билд и телевизијата Скај, Наґелсман, кој имаше договор до летото 2028 година, се согласи на барањето на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) да се повлече од должноста која ја вршеше од септември 2023 година. Предлогот беше изнесен во четвртокот по тричасовен состанок на кој се анализираше најновото германско фијаско на Светското првенство.

Се очекува дека потрагата по наследникот на 38-годишниот Наґелсман ќе започне наскоро, а главен фаворит е Јирген Клоп (59). По успешните тренерски ангажмани во Мајнц и Борусија Дортмунд, Клоп стана легенда на Ливерпул освојувајќи ја титулата на англискиот шампион во 2020 година, со што го прекина 30-годишното чекање на титула, само една година по триумфот во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн потпиша со германски репрезентативец, ќе плати 55 милиони евра!

Баерн Минхен попладнево потврди уште едно засилување/p> Како ПАМЕТНО да типувате на World …