Дома Фудбал ФИФА објави доказ: Еве зошто е поништен голот на Хрватска (Видео)

ФИФА објави доказ: Еве зошто е поништен голот на Хрватска (Видео)

ФИФА објави клучен доказ и објаснување

Во натпреварот што се одигра во Торонто, каде што стрелците беа Перишиќ за Хрватска и Роналдо и Рамос за Португалија, изгледаше како мечот да влегува во продолженија кога Јошко Гвардиол ја затресе мрежата во последната минута од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, радоста беше краткотрајна поради офсајд, што на Португалија и овозможи да мине во осминафинале против Шпанија. За да ги отстрани сите сомнежи, ФИФА веднаш излезе со објаснување за оваа контроверзна одлука.

По голот на Рамос во 94. минута, Хрватска вложи се што има. Во последните моменти на натпреварот, поточно во 103. минута, Перишиќ центрираше одлево, а напаѓачот Игор Матановиќ со деликатен потег ја пренасочи топката со глава.

Топката потоа го допре португалскиот дефанзивец Ренато Веигa и стигна до Марио Пашалиќ, кој му асистираше Гвардиол за привремениот резултат 2:2. Бидејќи Пашалиќ беше зад последната линија на одбраната кога Матановиќ ја допре топката, судиите сигнализираа недозволена ситуација.

Клучниот доказ за оваа милиметарска одлука го обезбеди најновата технологија вградена во официјалната топка на првенството, Adidas Trionda.

ФИФА соопшти дека сензорите во топката регистрирале микроконтакт со Матановиќ при почетокот на акцијата, технологија позната како “Connected Ball”, која во реално време испраќа податоци во собата за ВАР и регистрира и најмал допир.

Гледачите на екраните моментот го видоа преку таканаречената срцева графика, која со голема прецизност го одбележува моментот на контакт на играч со топката, што ја потврди исправната одлука на судискиот тим и го означи крајот за Хрватска на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ до Хрватите: Да бев на ваше место, ќе го напуштев теренот

По драматичната елиминација на Хрватска од Португалија на Светското првенство, на социјалн…