Дома Фудбал Салах го избрал новиот клуб!

Салах го избрал новиот клуб!

По девет години во Ливерпул, со бројни трофеи и срушени рекорди, Мохамед Салах го напушти дресот на „црвените“ и тргнува кон нови предизвици. Избран е неговиот нов клуб, а тоа е Ал-Ахли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите кои пристигнуваат од Саудиска Арабија, Салах ги договорил сите услови со овој клуб и останува само сè да биде официјализирано. Деталите сè уште не се откриени, но се претпоставува дека станува збор за еден од најголемите договори во светот на фудбалот.

Салах ќе го замени Ријад Марез во Ал-Ахли кој според најавите ќе замине.

Трансферот на Салах во Саудиска Арабија наскоро ќе биде официјализиран. Египќанецот ќе патува во Ријад за потпишување на договорот по завршувањето на Светското првенство.

34-годишниот офанзивец настапуваше за Ливерпул во изминатите девет години, одигрувајќи 442 натпревари со импресивен учинок од 257 голови и 123 асистенции. Сепак, дојде време за разделба и соработката е прекината една година пред официјалното истекување на договорот.

Да потсетиме, Салах во својата кариера настапуваше за Ел Мокаулон, Базел, Челси, Фиорентина и Рома.

Во Ал-Ахли го очекуваат други големи имиња. Таму се Франк Кеси, Едуард Менди, Мерих Демирал, Иван Тони, Роџер Ибанјез. Некои од нив, како што е истакнато за Марез, можеби ќе се спакуваат за нови дестинации, а најчесто се споменува Кеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …