Дома Фудбал „Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годишник не се истакна во дресот на Брегот на Слоновата Коска, што значително може да ја намали цената од 150 милиони евра, која ја бара РБ Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јан Диоманде е еден од најбараните млади фудбалери во светот. Овој 19-годишен офанзивец имаше многу добра сезона во РБ Лајпциг и привлече интерес од многу други клубови.

Наводно, овој фудбалер веќе го избра ПСЖ како средина каде сака да ја продолжи кариерата. Го одби Ливерпул, но за сега ни Парижаните немаат договор за трансфер.

Проблемот е високата отштета. Германскиот клуб бара најмалку 150 милиони евра, но по неговиот настап на Светското првенство, тешко дека некој ќе ја плати оваа сума.

Диоманде не се истакна во селекцијата на Брегот на Слоновата Коска. Дејствуваше мрзливо и лошо, а доказ за тоа е фактот дека не упати удар на гол во четири натпревари. Немаше апсолутно никаков ефект во дресот на националниот тим.

“Овој дечко е измама. Одземете му ја брзината и не може да игра ни за АСЕК Мимозас. Лудост е да се дадат 150 милиони за него”, е еден од коментарите на социјалните мрежи, по што следуваат и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колина објасни зошто ѝ беше поништен голот на Германија

Германија испадна од Светското првенство откако во продолженијата на натпреварот од шеснае…