Дома Фудбал Официјално: ФК Пелистер доби нов претседател!

Официјално: ФК Пелистер доби нов претседател!

ФК Пелистер го започнува новиот проект за сезоната 2026/27 со избор на нов претседател. По оставката на досегашното раководство на клубот и стручниот штаб, прв чекор на акционерот – Општина Битола беше именувањето на новото раководно лице.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По заминувањето на Александар Стефановски, довербата да го предводи клубот му е дадена на Димитар Митревски. Од клубот наведуваат дека тој бил единствениот и, според нив, најдобар кандидат за претседателската функција, а ја прифатил понудата да го води новиот проект.

Митревски има 45 години и зад себе има реализирано успешни проекти во областа на маркетингот и спортот. Во јавноста е најпознат по ангажманот во РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер.

Како што информираат од клубот, новиот претседател веднаш ќе започне со работа, а наскоро ќе го претстави планот за работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб.

Во наредниот период, ФК Пелистер ќе го официјализира и почетокот на подготовките, како и планот за летните подготовки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер сити го потврди Мареска, а реагираше и Челси: Многу сакаше да го наследи Гвардиола…

Манчестер сити официјално го потврди назначувањето на Енцо Марешка како нов шеф на струкат…