
Милан треба да се засили во сите линии, а Гонсало Рамош е практично пред доаѓање во тимот, пристигнува како големо засилување во нападот и прашање е само на време кога сè ќе се обелодени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Не завршуваат тука пазарувањата на Милан ова лето, Аморим го целеше и фудбалерот на Бенфика.
Станува збор за Антонио Силва, момче родено во 2003 година, централниот дефанзивец кој би можел да ја засили задната линија на тимот.
Антонио Силва веќе ги договори условите со Милан до 2031 година, останува само клубовите да се договорат околу обештетувањето.
Посредник е човек кој е многу близок до Милан, особено по доаѓањето на Рубен Аморим, Жорге Мендеш.
Силва целата своја кариера ја помина во Бенфика, а веќе имал и 20 настапи за репрезентацијата на Португалија.