Дома Фудбал Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на Светското првенство, го потресе несекојдневна и шокантна вест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на Зеленортските Острови, Рајан Мендеш, се наоѓа под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради пријава за силување поднесена од Бразилка која работела како преведувач за репрезентацијата во февруари, за време на турнирот на ФИФА Серијата.

Според извештаите, инцидентот се случил во хотелот каде што бил сместен тимот во Окланд.

Девојката изјавила дека Мендеш тропнал на нејзината врата доцна навечер, кога го отворила тој влегол во собата и ја нападнал.

Овој настан се случил ноќта по пријателскиот дуел против Чиле.

Медиумската служба на полицијата на Нов Зеланд потврди дека случајот е отворен, но поради процесот на истрага не можат да објават повеќе информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaпонците веруваат, испратија јасна порака пред натпреварот со Бразил

Јапонија се соочува со предизвик во второто коло на Светското првенство. Како ПАМЕТНО да т…