
Фудбалската репрезентација на Шпанија може да се соочи со сериозни предизвици во продолжение од Светското првенство откако се поведија Нико Вилијамс и Жереми Пино.
Како што пренесува шпанското радио COPE, Пино најверојатно се соочува со фрактура на клучната коска, што би значело дека веќе нема да игра на овој Мундијал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од друга страна, Нико Вилијамс ќе биде подложен на детални медицински прегледи во следните часови, но почетните проценки не се надежни. Тренерскиот тим на Црвената фурија стравува дека станува збор за мускулна повреда која би можела да го остави надвор од терените извесен период.
Доколку се остварат најлошите сомнежи, селекторот на Шпанија ќе остане без двајца клучни напаѓачи во критичниот дел од турнирот.
Повеќе информации за сериозноста на повредата на Вилијамс се очекуваат по завршување на лекарските тестови, додека за Пино, шансите за понатамошен настап на Светското првенство се практично нула.