
Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:0 (1:0) и со седум бода како првопласирана селекција се пласира во следната фаза од групата Х. Шпанците без примен гол стигнаа до втората фаза каде што ќе играат против Австрија или Алжир.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Извонредно остар натпревар во првите 20-тина минути, Уругвајците влегоа одлично во дуелот, но не успеаја во нападот да направат нешто повеќе.
На стадионот во Хјустон, Саудиска Арабија и Зеленортските Острови одиграа исклучително незанимлив натпревар каде што видовме само неколку удари во рамката на голот, на крајот 0:0, резултат кој го однесе африканскиот тим во шеснаесетините на финалето на Мундијалот!
Со три ремија, Зеленортските Острови поминаа како второпласирана селекција и ќе играат против Аргентина во следната фаза!