Дома Фудбал Има договор! Милан го собори рекордот со првиот трансфер кај Аморим

Има договор! Милан го собори рекордот со првиот трансфер кај Аморим

Милан постигна договор за привлекување на напаѓачот од Пари Сен Жермен и португалскиот репрезентативец Гонсало Рамош за рекордна сума за клубот, која ќе биде над 50 милиони евра, известува „Њу Јорк Тајмс“. Според други медиуми, се работи за сума од околу 53-55 милиони евра.

Трансферот е јасен знак за амбициите на Милан и е најскапиот во Серија А од 2019 година до сега, кога Интер го доведе Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед за 74 милиони евра. Договорот го надминува рекордот што го плати Милан во историјата – на Лил за Рафаел Леао во 2019 година – близу 50 милиони евра.

Милан успеа да ја надмине конкуренцијата на неколку водечки европски клубови за потписот на 25-годишниот Рамош, а клучна улога имаа добрите односи меѓу сопственикот на клубот Џери Кардинале и претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот го брани Алварез: Многу сте напорни, оставете го на мира!

Хулијан Алварез се наоѓа во комплицирана ситуација откако изрази желба да премине во нов к…