Дома Фудбал Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига вредност од 135 милиони евра. Со оваа трансакција, Андерсон станува првото засилување на клубот по ерата на Пеп Гвардиола. Младиот англиски играч моментално се наоѓа во САД, каде што со репрезентацијата учествува на Светското првенство, а се очекува дека неговиот трансфер ќе биде финализиран во наредните денови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медицинските прегледи ќе се спроведат во САД, каде Андерсон се подготвува за натпреварот на Англија против Панама, кој ќе се одигра во сабота. Играчот се опоравува од мала повреда на колкот, која не се смета за сериозна, па затоа не беа потребни дополнителни прегледи.

Иако минатата недела изгледаше дека Сити договори почетна отштета од 123 милиони евра со дополнителни бонуси што според сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, би можеле да ја достигнат рекордната вредност од 150 милиони евра, разговорите добија нова насока.

По напредокот во преговорите, извори од Сити сега истакнуваат дека договорена е еднократна исплата од 135 милиони фунти. Во исто време, се отфрлаат тврдењата дека со оваа сума е надминат износот од 145 милиони еврa што Ливерпул го плати за Александар Исак. Меѓутоа, Андерсон ќе стане најскапиот англиски фудбалер во историјата, надминувајќи го трансферот на Џуд Белингем во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светс…