Дома Фудбал Елиот Андерсон е близу до рекорден трансфер

Елиот Андерсон е близу до рекорден трансфер

Играчот од средниот ред на Нотингам, Елиот Андерсон, е на чекор до рекорден трансфер во Англија, потврдува “Дејли Мејл”. Тој би можел да премине во Манчестер Сити.

Нотингам Форест веќе одби две понуди за играчот и инсистира да добие финансиски пакет од 130 милиони фунти, што би го направило Андерсон еден од најскапите играчи во историјата.

Елиот имаше извонредна сезона во Нотингам и ја оправда довербата на Томас Тухел. Тој беше во стартната постава на првите два натпревари на Англија на Светското првенство во Северна Америка.

Интерес за Андерсон покажува и Манчестер Јунајтед, но “црвените ѓаволи” се повлекоа од трката за неговиот потпис, бидејќи оценија дека ќе им биде премногу скап. Ман Сити, сепак, е подготвен да ги обезбеди средствата и е блиску до договор. Нови разговори помеѓу “граѓаните” и Нотингам ќе се одржат утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…