Дома Фудбал Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Иако е рано за дефинитивни заклучоци, вистинската драма ќе се одигра во последното коло. Сепак, по завршувањето на натпреварите од второто коло може да се направи интересен пресек и да се насети дел од финалниот мозаик. Во секој случај, пресметките и “математиките” ќе траат до последниот судиски свиреж.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тимовите на врвот од оваа табела – Шведска, Шкотска, Хрватска, Алжир и Парагвај – се на одлична позиција. Со по три освоени бодови од две натпревари, ним во последното коло и нерешен резултат би им гарантирал мирен пласман.

Секако, некои од нив можат во последното коло да се искачат и на втората позиција и да избегнат било какви пресметки, но тоа нема да се знае до последниот момент.

Standings provided by Sofascore

Швеѓаните со гол разлика 6:6 моментално ја држат првата позиција меѓу треторангираните.

Интересна е ситуацијата со тимовите како Зеленорските Острови и Белгија. Двете репрезентации имаат по два бода од две нерешени средби. Тие се дел од групата тимови кои сè уште го држат исходот во своите раце. Победа во последното коло ги носи директно во нокаут фазата, но дури и трето нерешено во низа може да биде доволно за пласман меѓу осумте најдобри треторангирани.

Сенките фаворити, Хрватите и Белгијците, светскиот вицешампион и треторангираните од Мундијалот во Русија 2018, исто така, можат да се искачат на второто место, но и да „пропуштат“ шанса во последното коло.

Најтешка е ситуацијата за тимовите од осмото до 12. место – Чешка, ДР Конго, Еквадор, Босна и Херцеговина и последниот Сенегал, како единствениот третирангиран без бодови.

ФИФА се надева дека овој формат ќе ги казни калкулациите и дефанзивниот фудбал, а дека ќе просперираат нападите. Во секој случај, последното коло од групната фаза може да биде одлучувачко до последниот судиски свиреж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toлку беше: Легендарниот Ешли Кол по осум натпревари ја заврши епизодата во Италија!

Легендарниот лев бек се раздели со Чезена. Многумина беа изненадени кога Ешли Кол ја презе…