Дома Фудбал Турците по срамота на СП донесуваат неочекувана одлука: Тоа ни е единствена опција!

Турците по срамота на СП донесуваат неочекувана одлука: Тоа ни е единствена опција!

Репрезентацијата на Турција беше елиминирана од Светското првенство по неочекуваните порази од Австралија и Парагвај. Веќе се најавуваат огромни промени во репрезентацијата при враќањето дома, а идејата е да се засили нападот со странски играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турција дојде со огромни амбиции на Светското првенство. Групата со Соединетите Американски Држави, Австралија и Парагвај изгледаше како идеална за понатамошно напредување, но Турците веќе ги спакуваа куферите за враќање дома.

Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) ја елиминираа екипата која ја води италијанскиот тренер Винченцо Монтела, а во Турција нормално владее огромно незадоволство меѓу фудбалските работници и навивачите.

Веќе се најавуваат бројни промени. Монтела речиси сигурно нема да остане селектор, а големо мнозинство на оваа позиција сака да го види легендарниот Арда Туран.

На сите во Турција им е јасно дека репрезентацијата има проблеми со реализацијата. Повеке од 60 удари кон голот упатија во две средби и не постигнаа гол.

Сега идејата е тој сегмент на игра да се подобри и тоа на единствениот можен начин – со ангажирање на странец. Новата ‘деветка’ на Турција би можел да биде играч роден надвор од оваа држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…