Дома Фудбал Хјумланд веќе се поздрави со соиграчите и чека сигнал од Милано!

Хјумланд веќе се поздрави со соиграчите и чека сигнал од Милано!

По доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, во Милано се работи на реконструкција на тимот за следната сезона, а еден од играчите за кого сериозно се интересираат на Сан Сиро е 26-годишниот играч од средниот ред на лисабонски Спортинг, данскиот репрезентативец Мортен Хјуманд.

Тој има договор со зелено-белите до јуни 2028 година, но истраен е во својата намера летово да премине во Милано и португалскиот ”Рекорд” открива дека Хјуманд веќе се поздравил со соиграчите и со стручниот штаб и им соопштил дека наскоро ќе ја промени средината.

Проблемот е, сепак, големата откупна клаузула која Спортинг ја определил за неговата продажба и наводно изнесува дури 80 милиони евра, но последните информации велат дека раководството на лисабонскиот клуб нема да инсистира на таа сума и се подготвени за преговори.

Инаку, Хјуманд дојде во Спортинг во 2023 година од Лече, минатото лето исто така имаше интерес за него, но наводно е постигнат господски договор со раководството на Спортинг дека тогаш ќе остане во клубот, а дека клубот нема да му прави проблеми летово ако има голем интерес за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …