
По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се соочат вечерва во 19 часот во Далас во второто коло од групата J на Светското првенство. Аргентинците доминираа на отворањето со победа од 3:0 над Алжир благодарение на хет-трикот на Лионел Меси, додека Австрија со 3:1 го совлада Јордан. Аргентина е голем фаворит во оваа група, додека за Австрија само учеството на СП по 28 години исчекување е големо достигнување.
Меси брка апсолутен рекорд
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Освен значењето за пласманот во групата, натпреварот има и историска вредност, посебно за Лионел Меси. По освојувањето на светскиот шампионат во 2022 година, каде што многумина го крунисаа како најдобар фудбалер на сите времиња, славниот Аргентинец сега има можност да ја обнови историјата. Со трите погодоци против Алжир, Меси достигна вкупно 16 голови на светските првенства.
Со тоа, Меси го изедначи досегашниот рекорд на германскиот напаѓач Мирослав Клозе, кој својот 16-ти погодок го постигна во победата против Бразил од 7:1 на СП 2014 година. Клозе тогаш го надмина Бразилецот Роналдо, кој имаше постигнато 15 гола. Вечерашниот дуел со Австрија е идеална можност за Меси да ги остави двајцата позади себе. Само еден гол му е потребен за да со 17 погодоци стане најдобриот стрелец во историјата на светските првенства.